| |

Трогателно: Ученици од бугарско училиште донираа средства на петмина настрадани од трагедијата во Кочани

Учениците од училиштето „Цар Симеон Велики“, с. Иванјане, Р. Бугарија финансиски поддржаа петмина од тешко настраданите млади во трагедијата во Кочани, РС Македонија.

Сумата од 2550 евра, која ја донираа учениците, беше собрана за време на традиционалниот велигденски базар во училиштето, а каузата беше избрана од самите деца.

Донацијата беше врачена од претставници на ОУ “Цар Симеон Велики” во храмот „Свети Петар и Павле“ во градот Кочани, каде што присуствуваа дел од настраданите и нивните блиски. Дополнително на паричните средства, сите тие добија и рачно изработени честитки со пораки од учениците од бугарското училиште – „Срцата ни се со вас!“, „Ви испраќаме топлина, љубов и надеж!“ и „Со љубов од Бугарија!“

На донацијата се приклучи и претседателот на Фондацијата „Бугарска Памет“, д-р Милен Врабевски, кој исто така финансиски ја поддржа каузата.

Донираните средства ќе бидат искористени за претстојни операции, како и за консумативи и процедури поврзани со опоравувањето на настраданите.

„Трагедијата во Кочани длабоко го потресе целиот тим на училиштето и учениците. Сите станавме солидарни со болката и страдањето на луѓето, а учениците едногласно решија да ја променат првично избраната кауза на базарот“, споделија од тимот на училиштето.

Настраданите и нивните семејства сречно им се заблагодарија на бугарските ученици за гестот и вниманието кон нивната трагедија и им посакаа да продолжат да поддржуваат благородни каузи и да бидат добри луѓе.



Слични Објави