In Memoriam: Почина големиот македонски Бугарин Драган Попов-Попето
Со длабока тага ја примивме веста за кончината на Драган Попов – Попето (1952-2025), голем Бугарин со потекло од Егејска Македонија, човек со големо срце и непоколеблива љубов кон Бугарија и бугарштината.
Попето беше активен учесник во животот на македонските Бугари – тој беше пример за посветеност кон бугарштината во Македонија и почитта кон бугарското културно наследство овде. Неговата енергија и непоколебливиот дух ќе трага во сите што имаа чест да го познаваат.

Со својата работа, активизам и личен пример, Драган Попов веруваше дека љубовта кон татковината е светлина што не може никој да ја угаси.

Ќе го паметиме како човек кој со гордост го носеше своето име и својата припадност, кој никогаш не се поколеба пред предизвиците и кој со чисто срце и искрена мисла се бореше за тоа што го чувствуваше како свое и вистинито.
Почивај во мир, Попе! Нека му е светол и вечен споменот за тебе.
От редакцијата на tribuna.mk.
