| |

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ И КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦЕВСКИ ВО СОБРАНИЕТО

Собранието ја заврши расправата по ребалансот на буџетот, а пратениците треба да гласаат вечерва, по паузата што беше дадена за да се смири тензијата што се создадево салата, откако изби расправија меѓу спикерот Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, јавува Нетпрес.

Мицевски не сакаше да ја напушти говорницата, откако Џафери му го одзеде зборот, со образложение дека нема право на процедурална забелешка.

„Немојте да замислувате дека ќе повторите некои работи што се случија овде. Се однесува на сите што се обидуваат да ја заземат говорницата и на сите што се заканувате. Не си играјте. Има Деловник за работа. Мене ме избравте да седам на ова место и да го водам овој дом. Пет дена ве слушам и направив моја статистика. Од 53 пратеници кои говореле, 28 се од опозиција и 25 од мнозинството, не сметајќи ги репликите. Имавме договор дека денеска ќе завршиме. И прашав дали има потреба мнозинството да обезбеди мнозинство. Сите се согласивте дека не мора, затоа што се работи за буџет. А на завршни зборови излегувате сите надвор за да покажете дека мнозинството нема мнозинство. Слушајте ме сите од опозицијата – или има договор или ќе кажете од почеток дека нема договор“, рече Џафери.

Во меѓувреме, пред околу говорницата се собраа и други пратеници, а Џафери ги замоли сите да се вратат на своите места и да седнат.Потоа му даде збор на Мицевски.

Координаторот рече дека опозицијата ќе биде присутна во салата, но нема да гласа за ребалансот, бидејќи сметаат дека мерките не се добро конципирани и дека се лоши.

„Ќе присуствуваме на седницата во интерес на граѓаните, бидејќи сите очекуваат нешто. Интерес на сите граѓани е ова да се донесе. Доколку не е во салата опозицијата, нема доволен број пратеници за да се донесе овој пакет мерки и ребалансот“, рече Мицевски

Слични Објави