Падна снег, забрана за движење на тешки моторни возила на патот Маврово-Дебар

/

Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.   Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Заев: Шансите Бугарија да ја тргне блокадата ќе се зголемат по изборите

Следна статија

Добре Митрев: РС Македонија треба да ги признае Бугарите, инаку нема да има решение на проблемот со Бугарија

Најново од Вести