ПЕНЗИОНЕРКА ОД ШТИП СО МЕСЕЦИ НЕ ДОБИВА ПЕНЗИЈА, ЈА СМЕТААТ ЗА ПОЧИНАТА

/

Мојот сопруг почина на 4 јануари, а јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва, не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што е проблемот, изјави штипјанката Драгица за ТВ Стар.

Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди ѝ се неуспешни.

– Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април – вели Драгица.

Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.



Од Фондот во врска со случајот изјавија:

„На 24 март испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повратно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот, но лицето Драгица Панова до сега не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави, ние ќе го оформиме предметот и ќе го доставиме до Скопје со што нејзиниот проблем се решава“, велат од Фондот.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПОМИЛУВАЊЕ ЗА ЛИЦА КОИ НАПРАВИЛЕ КРИВИЧНО ДЕЛО БЕЗ ПРЕСЕДАН

Следна статија

МАЖ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ БИЛ ДОНЕСЕН НА КЛИНИКА- ПО ПОЛОВИНА ЧАС ПОЧИНАЛ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување