ИРАН ТВРДИ ДЕКА Е ИЗРАЕЛСКО ОРУЖЈЕТО СО КОЕ Е УБИЕН НУКЛЕАРНИОТ ФИЗИЧАР

/

Оружјето со кое беше убиен истакнатиот ирански научник за нуклеарна физика е од израелско производство, објави во понеделникот иранската „Прес ТВ“.

„Оружјето од местото на терористичкиот акт (каде беше убиен Мохсен Фахризад) има лого и спецификации на израелската воена индустрија“, изјавил неименуван извор за „Прес ТВ“.

Израелскиот министер за разузнавање Ели Коен за радио станицата 103 ФМ, пред објавата на иранскиот медиум, рече дека не знае кој е одговорен за убиството.

Фахризад не се појавуваше често во јавноста во Иран, но Израел го сметаше за главен играч во развојот на нуклеарно оружје во земјата.

Тој почина во петокот во болница од повреди здобиени по пукањето кон неговиот автомобил на автопат близу Техеран.



Иранскиот министер за одбрана вети дека Исламската Република ќе возврати за убиството.

Погребот на научникот се одржува денеска во северниот дел на Техеран, објави државната телевизија.

Претходна статија

БИЛ ГЕЈТС: ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА НОВА ПАНДЕМИЈА ЗА 10 ИЛИ 15 ГОДИНИ

Следна статија

СЕТО ДОКТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА МУ ДОЈДЕ РЕДОТ И НА АХМЕТИ

Најново од Вести