АХМЕТИ МУ Е ЛУТ НА ЗАЕВ ОТИ ЛИДЕРОТ НА СДСМ НЕ ГО ПОСЛУШАЛ КОГА МУ ВЕЛЕЛ ДА НЕ СЕ ЗАКАЧА СО ДУИ

„Ме испровоцираа несовесните изјави на Заев дека ДУИ не може да биде дел од идната Влада, ДУИ треба да оди во опозиција, ќе му дадам на Мицкоски пратенички мандати да формира малцинска Влада, ќе ја има мојата поддршка за да не дозволиме Албанците да бидат дел од владата. Ова ме иритираше. Цело време јас му испраќав пораки, не треба да се закачаш со ДУИ, но повторно продолжија. Сега беше време за една томаховка (ракета) да се пушти. И сега примирје нема“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното интервју за телевизија ТВ21.