(ВИДЕО) ГЛИГОРОВА: ОВА Е БОРБА ПРОТИВ МАФИЈАШКИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА

„Ова е борба против еден мафијашки систем во Македонија. Ние претендираме да влеземе во ЕУ и доколку ги решиме главните поглавја околу правосудниот систем, ние со една нога сме во Унијата. Потребно е чистење на закони кои се пишуваат од тајкуни, а не од граѓаните на Македонија, вели Глигорова која додава дека имаат подготвено „Скопски договор“ со кој како предуслов за идно коалицирање партијата која би сакала да ја води власта, би морала да ги ослободи граѓаните од блокираните сметки и конечно да се излезе од „должничкото ропство“.