|

Северна Кореја ќе ги затвора родителите на децата кои гледаат холивудски филмови

Во Северна Кореја родителите на детето за кое е утврдено дека гледало холивудски филм ќе завршат во логор за принудна работа шест месеци.

И самите деца за кои ќе се утврди дека го гледале холивудскиот филм ќе се соочат со незамислива петгодишна казна.

Во обид да ги интензивира репресиите врз западните медиуми, Северна Кореја сега се заканува дека ќе ги затвори родителите доколку нивните деца бидат фатени како гледаат холивудски филмови и ТВ емисии.

Претходно, родителите прогласени за виновни за „злосторство“ можеа да се извлечат со строго предупредување.

Според извештајот на „Мирор“, севернокорејски извори велат дека Пјонгјанг вовел „Инминбан“ – задолжителен состанок за набљудување во соседството каде наредбите на режимот се пренесуваат до заедниците.

На родителите ќе им биде кажано дека државата повеќе не нуди милост на оние кои се фатени со шверцувани филмови. Инминбан исто така ќе ги предупреди родителите дека не ги воспитале правилно своите деца според социјалистичките идеали на Ким Џонг Ун.

На мета не се само љубителите на филмовите, бидејќи Ким Џонг Ун најави серија построги мерки во однос на танцувањето, зборувањето и пеењето.

Секој кој ќе биде откриен дека се однесува „како Јужнокореец“ ќе добие и шестмесечна казна, како и нивните родители.

Слични Објави