| |

Истекува мандатот на ЕУЛЕКС во Косово

Мандатот на полициската мисија на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) истекува на 15-ти јуни. Ова го изјави министерот за правда на Косово Абелард Тахири, објави руската новинска агенција Регнум. Според информациите, мандатот на ЕУЛЕКС нема да биде продолжен, но не е исклучено, дел од мисијата да остане во Косово за да ја следи ситуацијата во северниот дел на земјата, каде што мнозинскиот дел од населението е со српско потекло. ЕУЛЕКС делува во Косово од 2008 година. Мисијата првично требаше да продолжи до 2014 година, но нејзиниот мандат беше продолжен неколку пати.



Слични Објави