ИСТРАЖУВАЊЕ НА „ОКСФОРД“: КОИ ЗЕМЈИ ИМААТ НАЈСТРОГИ МЕРКИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19

/

Според истражувањата на научниците од угледниот универзитет „Оксфорд“, Хрватска, Србија и Словенија имаат најстроги мерки за заштита од пандемијата на Ковид-19 во светот, пренесува „Спутник“.

Максимални 100 бода на скалата на строгост на мерките според „Оксфорд“ имаат Хрватска, Србија, Словенија, Индија, Пакистан, Сирија, Виетнам, Шри Ланка, Тунис, Уганда, Јужноафриканската Република, Боцвана, Мадагаскар, Хондурас и Костарика.

Најмалку бодови има Кина (42,86), земјата во која избувна епидемијата и која имаше стотици милиони луѓе под некаква форма на карантин, но во меѓувреме наводно ја сузбила епидемијата и го укина карантинот иако веќе се наѕира почетокот на вториот бран на епидемијата.

Најпозната по своите благи заштитни мерки е Шведска, која пред една недела имаше 42,86 бода, но во меѓувреме ги заостри мерките поттината од бројот на починати, па на 6 април имала 52,38 бода.

Освен Шведска и Кина, исклучително благи мерки имаат и Замбија (47,62), Гватемала (52,38), Романија (57,14) и Кенија (59,52 бода), а релативно благи мерки имаат Боливија (61,9), Алжир (61,9), Монголија (61,9), Чад (66,67), Колумбија (66,67), Јапонија (66,67), Гана (66,67) и САД (66,67).



Треба да се нагласи дека за некои земји нема достапни податоци за заштитните мерки вклучувајќи го и Туркменистан, чиј режим забрани дури и да се споменува коронавирусот во јавност, и Белорусија, чиј претседател Александар Лукашенко изјави: „Тука нема вируси. Не ги гледам“.

За сеопфатна евалуација на одделни национални стратегии, ќе треба да се почека крајот на пандемијата и да се спореди вкупниот број заболени, хоспитализирани и починати, во споредба со вкипниот број на населението.

Извор: Макфакс

Претходна статија

СДСМ БАРА ГОДИНАВА ДА НЕМА ДРЖАВНА МАТУРА

Следна статија

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ИЗНУДА: ГО ДРЖЕЛЕ ВО СТАН ВО СКОПЈЕ, ГО ТЕПАЛЕ И СЕЧЕЛЕ СО ЖИЛЕТ

Најново од Вести