Претрес во Управата за финансиска полиција

/

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.

Информацијата за МИА, ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

–  Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, изјави за МИА Русковска.

Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Следна статија

ОЈО по допрен глас оформи предмет по истражувањето на ИРЛ за клиничката болница „Жан Митрев“

Најново од Вести