ИТАЛИЈА ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ПРОДАВНИЦИТЕ, ОД 3 ЈУНИ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ

/

Италијанскиот премиер Џузепе Конте претходно порача дека во Италија, која е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот, ќе бидат преземени мерки за заживување на економскиот живот и укинување на ограничувањата за движење на граѓаните, пренесува Канал 5.

Денеска повторно се отвораат продавниците, а од 25 мај спортските сали, базените и спортските центри. Од 3 јуни ќе се отворат границите меѓу регионите во земјата и на граѓаните на земјите од Европската унија ќе им биде дозволено да се движат без ограничувања.

Отворањето на театрите и кината е планирано за еден месец, на 15 јуни.



Претходна статија

ШЈИ ЏЈИНПИНГ: КИНА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ИСТРАГАТА ЗА КОВИД-19 ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СЗО

Следна статија

(ВИДЕО) ИЗЈАВИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ

Најново од Вести