ШЈИ ЏЈИНПИНГ: КИНА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ИСТРАГАТА ЗА КОВИД-19 ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СЗО

/

Кина ја поддржува сеопфатната ревизија на светскиот одговор на пандемијата на Ковида-19 под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) кога вирусот ќе биде ставен под контрола, изјави кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, на седницата на Генералното собрание на СЗО.

Обраќајќи се преку видеоврска, тој изјави дека Кина е отворена и транспарентна во врска со епидемијата на коронавирусот што избувна во таа земја на крајот на минатата година и додаде дека неговата земја ќе поддржува објективна и непристрасна истрага, пренесува „Ројтерс“.

Шји вети две милијарди американски долари во текот на следните две години за борба против коронавирусот додавајќи дека секоја вакцина против болеста, која биде развиена во Кина, ќе биде јавно добро.



На седницата треба да биде усвоена заедничка резолуција на Европската Унија и Австралија, со која се бара спроведување истрага за потеклото на коронавирусот, а која беше поддржана од 116 земји.

За да биде усвоена, резолуцијата треба да ја поддржат две третини од 194 членки на Генералното собрание.

Претходна статија

ПЕЦАС: ОВА ЛЕТО НЕМА ДА БИДЕ КАКО ЛАНСКОТО!

Следна статија

ИТАЛИЈА ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ПРОДАВНИЦИТЕ, ОД 3 ЈУНИ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ

Најново од Вести