|

ИТАЛИЈАНСКИ НАУЧНИЦИ ТВРДАТ ДЕКА КОВИД-19 НЕ ТРПИ ТОПЛО И ВЛАЖНО ВРЕМЕ

Италијанските научници Франческо Фичетола и Диего Руболини од државниот Универзитет во Милано, открија дека Ковид-19 се шири повеќе на ладно и суво време, а не е издржлив на висока температура и висока влажност.

Резултатите од истражувањето се објавени на интернет страницата medRixix, а двајцата научници до ваквиот резултат стигнале откако го проучиле ширењето на Ковид-19 во повеќе од 100 земји во светот.

Според нив инфекцијата побрзо се шири на ниска влажност и просечна температура од 5 степени. Инаку, на висока температура и висока влажност на воздухот карактеристична за тропските земји, се чини дека епидемијата се шири со позабавено темпо.



Слични Објави