|

Итната помош со вклучени сирени утрово протестира за поголема плата заедно со административно-техничкиот персонал

Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од многу градови низ земјава утрово го поддржаа протестот за 30% поголема плата, нов Колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од 1% на 4% и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и административно-техничкиот персонал.

За време на паузата од 10.30 до 11.00 часот здравствените работници ширум земјава излегоа пред здравствените установи за да искажат револт од игнорантскиот однос на надлежните.

Протсетите продолжуваат, кусо најави Боби Бојчевски од независниот синдикат

Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници во чија организација беше протестот излезе пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Здравствените работници излегоа пред здравствените установи од 10.30 до 11.00 часот

„Протестите продолжуваат“, најави Бојчевски и се заблагодари за големиот одѕив на повикот за протест.

Здравствените работници и административно – техничкиот персонал не се задоволни од покачувањето од 10 % и инсистираат Министерството за здравство официјално да одговори на нивните барања кои им се доставени на почетокот на месецов, но се уште немаат одговори.

Слични Објави