ИВАНОВ ДЕНЕСКА ЌЕ ГИ ПРИМА АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА НА НОВОИМЕНУВАНИТЕ АМБАСАДОРИ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И НА АВСТРАЛИЈА
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 18 септември 2018 година, вторник, ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Руската Федерација и на Австралија во Република Македонија.
– 10:45 часот – предавање на акредитивните писма од страна на Н.Е. г. Сергеј Баздникин, новоименуван амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.
– 11:45 часот – предавање на акредитивните писма од страна на Н.Е. г-а Рут Карис Стјуарт, новоименуван амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград.
