| |

МИЛЕ „МИ ТЕКНА“ 40-ТИОТ РОДЕНДЕН ЌЕ ГО „СЛАВИ“ ВО СУДНИЦА

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески својот 40-ти роденден ќе го „прослави“ во судница, јавува Фокус  .

Јанакиески ќе помине неколку часа во судница, бидејќи во моментот се одвива судско рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“. На денешното рочиште ќе бидат презентирани смс пораки меѓу обвинетите лица. Пораките се поврзани со изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Во овој предмет освен Миле Јанакиески обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.



Слични Објави