|

ИВАНОВ СЕ УШТЕ НЕ ПОБАРАЛ БУЏЕТ ЗА ИДНИОТ КАБИНЕТ

На три дена пред заминувањето од функцијата Претседателот Ѓорге Иванов нема официјална потврда што ќе прави актуелниот претседател по истекувањето на мандатот.

Засега тој не ја информира јавноста за идните професионални планови. Неговиот кабинет се интересирал кај Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), колку изнесува годишниот буџет за поранешен претседател на државата.

Владиниот портпарол Бошњаковски денеска потврди дека до вчера нема доставено никакви барања од кабинетот на Иванов за неговите потреби по заминување од функцијата.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.



Слични Објави