МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЧУДАТА-НЕДОИЗГРАДЕНА ЦРКВА ОДИ ПОД СТЕЧАЈ

За првпат во историјата на државата е покрената ваква постапка за верски објект и покрај тоа што изградбата се уште не е завршена. Фирмата Бетон која е изведувач, бара наплата на високата сума од фондацијата Св. Цар Константин која беше основана за собирање на донациите. Процедурата е започната – имотот и сметките се замрзани, а веќе е закажано и првото судско рочиште на 11ти ноември.

loading...

– Основ за поведувањето на постапката е неспособност за плаќање – неликвидност на должникот Фондација Св. Цар Константин Скопје. Долгот на должникот спрема доверителот предлагач е од нотарски платен налог кој е правосилен и е во фаза на извршување, а износот на долгот е 67.570.171 денари – велат од Основниот суд Скопје 2 во одговор за порталот ИРЛ.

Земјиштето од 2200 квадратни метри влезе во ДУП-от на Општина Центар, го купи МПЦ од државата во 2012 година за само 1100 евра, а за изградбата на црквата во фондацијата се слеваа илјадници евра од бројни познати бизнисмени и политичари. Прв донатор беше од касата на МПЦ, а во првите три години тогаш владејчката ВМРО ДПМНЕ организираше донаторски конференции, и учесниците на хартија ја пишуваа сумата со која ќе помогнат во изградбата на храмот. Осум години по поставување на темелите, надворешниот дел на црквата во строгиот центар на Скопје е завршен, а за моменталната состојба за внатрешноста и фрескописот – информации нема.

loading...

Земјиштето околу црквата е оградено, а градежните активности се прекинати со самата стечајна постапка. И покрај најавите од Македонската православна црква дека до крајот на годинава ќе заврши целата изградба, вратите на храмот остануваат затворени.



(Целиот материјал прочитајте го на Канал 5)