НАХИЧЕВАН- ЗЕМЈАТА НА СОЛТА И МАВЗОЛЕЈОТ НА ДЕДО НОЕ

Многу е веројатно никогаш да не сте слушнале за Нахичеван – град во Азербејџан и престолнина на автономната Република Нахичеван.

Сместена помеѓу Ерменија, Иран и Турција, таа е автономна република е едно од најизолираните места во поранешниот Советски Сојуз и е место до коешто до сега стигнале многу малку луѓе. Републиката има население од 450.000 луѓе и може да се каже дека е најголемата енклава во светот.

Нахичеван е дом на прекрасниот мавзолеј каде што е погребан Ное, библиски херој и еден од најголемите пророци во исламот. Исто така постои и средновековна тврдина, наречена од некои „Мачу Пикчу на Евроазија“, а на многу места сè уште можете да видите советски станбени блокови, во остар контраст со златните куполи на џамиите.

Автономната Република Нахичеван прогласи независност во 1990 година. Неколку години подоцна, таа се приклучи кон Азербејџан. Сепак, некои траги од социјалистичкото минато оставаат свој белег до ден-денешен – луѓето продолжуваат да се плашат да кажат одредени работи гласно.

Патувањето до Нахичеван отсекогаш било полно со пречки. Поради својата локација на границата на поранешниот СССР, со членката на НАТО Турција и Иран, во минатото таа територија била речиси недостапна за повеќето советски граѓани.

Дури и 30 години по прогласувањето на својата независност, републиката сè уште останува непозната за многумина во рускојазичниот свет, а и пошироко.

Како и да е, денес секој кој поседува азербејџанска виза може да влезе во земјата, која и покрај тоа што е релативно безбедно место за посета, е строго контролирана од властите, кои секогаш внимателно пропуштаат странци на своја територија.

Едно од најзначајните места во земјата и можеби она со што локалното население е гордо е гробот на Ное, а според Азербејџанците потеклото на името Нахичеван е поврзано со пророкот, што преведено од античките персиски јазици значи „земја на Ное“ .

Една од локалните легенди исто така вели дека кога големата поплава се повлекла, Ноевата арка застанала во близина на планината Иландаг, локација што се смета за едно од најмистериозните места на светот. Се верува дека Ное и неговите потомци останале на тоа место до крајот на своите животи, затоа локалците сме сметаат за нивни директни потомци.

Слично на Северна Кореја, републиката Нахичеван опстанува без поголема странска помош и со многу ниски бројки на меѓународната трговија.

Во Нахичеван, храната е издигната во култ.

Иако сеќавањата за недостатокот на храна по напуштањето на земјата од Советскиот Сојуз се свежи, во автономната Република е забранета употребата на пестициди и вештачки ѓубрива.

Мештаните консумираат целосно органска храна – животните се одгледуваат во локални фарми, а зачините како босилек, анасон и копар се собираат од дивите периферии на Накичеван.

Солта во најголеми количини се добива од подземната пештера Дуздаг, која крие огромни количини на чиста и природна сол позната не само по својот вкус, но и со лековитите својства.

Нахичеван има огромни извори на сол, формирани природно пред милиони години. Некои легенди велат дека патот на солта бил познат многу пред патот на свилата. Патот на солта тргнувал од Нахичеван и стигнувал до Блискиот исток.

Многу луѓе бараат третман во пештерите во близина на главниот град на автономна република заради докажаниот позитивен ефект врз респираторните заболувања. Според локалното население, оние што работат во пештерите со сол никогаш не страдаат од астма или бронхитис.

Солта тука е многу поразлична од морската сол. Таа не содржи тешки метали, а магнезиумот во нејзиниот состав ја прави корисен додаток за оние кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања.

Терапевтскиот центар лоциран во Дуздаг е единствен од таков тип во светот. Неговите тунели се наоѓаат под планината, а нејзините sидови се покриени со огромни плочи со сол, чија дебелина достигнува 8,2 метри.

Можеби солта е новиот начин на Нахичеван да се открие кон светот, откако скоро 70 години била скриена од него.