| |

СЕСТРИТЕ ПО СТАПКИТЕ НА ДОКТОРИТЕ- БЕГААТ ВО СТРАНСТВО ПО ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ПОДОБРИ ПЛАТИ

Стотина медицински сестри, од кои над 40 од Клиничкиот центар и од големите болници, последнава година заминале во странство или во приватните здравствени установи во државава, каде им се нудат повисоки лични доходи и признавање на нивното високо образование. Ова денеска го истакна претседателот на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводена од Здружението „За нас“, Гордана Бешлиоска, која рече дека трудот на медицинските сестри треба да се вреднува соодветно на нивното образованието. Според неа, незадоволството на медицинските сестри во здравствените институции го симнале нивното достоинство под нивото на сето тоа што ја оплеменува нивната професија. (Повеќе)



Слични Објави