Г. ЃОРИ: УНГАРИЈА МУ ПОМАГА НА ГРУЕВСКИ ПОРАДИ ПРИТИСОК ОД МОСКВА

Вести Истакнато Македонија

Унгарија му помага на поранешниот македонски премиер Груевски поради притисок од страна на Москва, тоа во интервју за Бугарското национално радио го изјави аналитичарот Габор Ѓори од блискиот до унгарската опозиција институт „Policy Solutions“ во Будимпешта. Според Ѓори другата причина Груевски да се крие во Унгарија е неговото блиско пријателство со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Ѓори во интервјуто за БНР вели дека унгарската јавност е поделена во однос на случајот, бидејќи медиумите блиски до Орбан го игнорираат проблемот, додека медиумите блиски до опозицијата отворено ги критикуваат блиските релации на власта со Груевски.