ВEЧЕРВА ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ХУМОР И САТИРА „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“

Новото фестивалско издание на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе има широк репертоар на комично-сатирични содржини кои треба внесат нов, ведар и позитивен импулс во нашето секојдневие.

“Во рамките на петдневната фестивалска програма, очекуваме масовна посетеност пред се’ заради самите содржини на Фестивалот, но и заради звучните имиња кои, како актери, сатиричари, карикатуристи, ќе продефилираат овде, на театарската сцена во Виница“, рече градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, на прес-конференцијата пред одржувањето на Фестивалот.

Со прогласувањето на најдобрите карикатуристи на Конкурсот за карикатура, чие мото годинава е “Трагачи по парадокси“ и отворањето изложба на карикатури , вечерва во 19:30 е официјалното отварње на годинашниот “Ин Виница Веритас“ , а на театарската сцена прв ќе настапи Сашо Тасевски со претставата “Северно од Македонија“ .

Годинава по вторпат ќе има интернационална вечер на хумор, сатира и карикатура, во чии рамки ќе бидат промовирани две нови книги со афоризми “Женско писмо“, како и “Трагачи по парадокси 2“, која воедно ќе биде и петта книга од едицијата „Балканска сатира“ на Фестивалот, по што истата вечер ќе гостува театарот “Бора Станковиќ“ од Врање.

Според директорот Јовица Илиев и годинава на програмата ќе има едукативни часови за средношколците, а едукатори ќе бидат Никола Драгаш и Миле Ѓорѓијоски. В четврток гостува театарот од Лесковац со претставата “Половњаче“ , а Фестивалот ќе биде заокружен со настап на актерите од Битола со комедијата “Кокошка“ во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Маријан Ѓорѓиевски.