ВМРО ДПМНЕ оддржа пресконференција во која ги обвинија на СДСМ дека функционираат како картел, и дека со вакво владеење не се влегува во ЕУ. Во прилог дел од соопштението на партијата :
СДСМ и картелот на власт собираат се што можат. Не дозволуваат евро да прелета покрај нив, а да не го стават во сопствениот џеб. Не дозволуваат тендер да заврши во фирма која што не е во нивна сопственост или не им е донатор на политичката партија СДСМ.
Сотреа се!
Ова го нема ниту во Африка!
Непријатно е веќе да се гледа како Кочо вицепремиерот креира политики во кои државни претпријатија ќе му префрлаат пари на Анѓушев бизнисменот.
Залудно Зоран Заев продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата.
Во Европа со арамилак и корупција не се влегува!