ТУРСКАТА ЛЕКАРСКА КОМОРА СЕ СОМНЕВА ДЕКА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ГИ ПРИКАЖУВА РЕАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

//

Турскиот сојуз на лекарите прашува дали Министерството за за здравство ги крие реалните податоци за тоа, колкава е бројката на починатите од Ковид-19, пишува турскиот весник „Бирѓун“ во материјал со наслов: „Дали министерството ја крие бројката“.

Според лекарскиот сојуз, Министерството за здравство не ги користи унифицираните кодови од СЗО во своите извештаи и тоа води до прикривање на смртни случаи.

СЗО препорачува смртните случаи од Ковид-19 да се запишуваат со два различни кодови- првиот кога има лабораторна потврда со писиар тест за Ковид-19 и вториот кога тоа не е потврдено со таков тест. Според лекарскиот сојуз во првиот случај како причина за смртта се наведува Ковид-19, а во вториот- обична грипна инфекција.

Турските лекари го повикуваат Министерството за здравство да ги воведе кодовите на СЗО за Ковид-19 и да направи проверка на смртните случаи по месецот февруари според новата методологија.





Претходна статија

МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД БОЛНИЦИ ВО ДЕСЕТ ГРАДОВИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Следна статија

КАВАДАРЧАНЕЦ СКРШИЛ НОГА БЕГАЈЌИ ОД ПОЛИЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Најново од Вести