СЈО ПОБАРА ОДЛАГАЊЕ НА „ТНТ“

Специјалното обвинителство за прв пат побара одлагање на судење, откако редовното обвинителство соопшти дека ќе ги преземе случаите. Обвинителот Бурим Рустеми посочи дека поради новата ситуација потребно е да се одложи ТНТ се додека не се реши кое обвинителство ќе го застапува случајот во судница. Одбраната и обвинетите се согласија со предлогот. Случајот ТНТ се однесува на уривањето на комплексот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски. Обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.