ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА: ДВИЖЕЊЕТО НА МИРОСЛАВ ШКОРО ПОТЕНЦИЈАЛЕН ФАКТОР ВО ИДНА ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА
Во Хрватска денеска се одржуваат парламентарни избори. Хрватите го избираат следниот парламентарен состав, по кампањата во која доминираше здравствената криза.
Новата влада ќе треба да се ориентира и да работи во контекст на тековната пандемија на коронавирус. Пандемијата предизвика пад од скоро 10% во економијата.
На денешните избори партијата ХДЗ се подготвува за тесна трка со главната левичарска опозиција, но и ризикува да изгуби гласови, заради десничарското движење на Мирослав Шкоро, што има за цел да го освои третото место.
За ниту еден од двајцата клучни играчи ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ или коалицијата „Рестарт“ предводена од Социјалдемократската партија (СДП) – не се очекува да освојат мнозинство во собранието. Токму поради таа причина десничарското „Движење за татковина“ на Мирослав Шкоро, може да стане потенцијален клучен коалициски партнер.