|

Избрана нова влада на БиХ по осум години

По осум години, Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ.

Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит наметна одлуки со кои се деблокира изборот на владата.

За именувањето на новата Влада на БиХ, што ја сочинуваат хрватските партии, предводени од ХДЗ, и партиите собрани околу пробосанската тројна коалиција – СДП, Народ и Правда и Наша странка, гласаа 51 пратеник.

Двајца пратеници гласаа против изборот на новата Влада на Федерацијата БиХ, додека пратениците на Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ и Демократскиот фронт Жељко Комшиќ ја напуштија собраниската седница пред гласањето.

Слични Објави