ИЗГОРЕА ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА И АВТОМЕХАНИЧАРСКИ СЕРВИС ВО РАДИШАНИ

На 22.05.2020 во 12,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“18“ во населба Радишани-Скопје избувнал пожар во автомеханичарски сервис од невнимание, додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца, пренесува Канал 5.

Притоа биле опожарени повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории.

Пожарот бил изгаснат од противпожаранат единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Скопје во текот на денов (23.05.), соопшти МВР.