Изложба „Хармонија во бои“ и креативна работилница во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје
На 24 ноември во 14 часот, во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата „Хармонија во бои“, а децата и младите ќе можат да учествуваат на креативна работилница, соопшти Центарот.
Изложбата опфаќа рачно изработени дела. На работилницата „секој ќе може да твори и да ја почувствува магијата на применетата уметност“, се наведува во објавата на Центарот.
Настанот го организираат Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Бугарското неделно училиште „Здравеј“ – Академија за иновативно образование и здружението „Духовно огледало“.
