Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје синоќа беше отворена изложбата „Екосознание“
Изложба наречена „Екосознание“ беше отворена синоќа во затворениот дел од галерија на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, во присуство на заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов, амбасадорот на Бугарија во Р. Северна Македонија Ангел Ангелов, генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров, дипломати од дипломатските претставништва во Скопје и Битола и претставници на бугарската заедница во Северна Македонија, јавува БТА.
„Екосознание“ е дел од мултимедијалната колекција што обединува уметници од различни земји, од нивната креативна работа за време на нивниот престој во селото Галичник во Северна Македонија, со акцент на заштитата на природата и животната средина. Од бугарска страна учествуваат Калин Серапионов, Пенка Минчева, Зара Александрова, Правдољуб Иванов, изложени се и дела на уметници од Република Северна Македонија, Холандија и Данска“, рече директорката на бугарскиот културно-информативен центар Антонија Велева на отворањето на изложбата.
Изложбата опфаќа дела од изминатите четири пленери (2020-2023) во Галичник посветени на заштитата на животната средина, а годинава претстои 35-тото издание на Ликовната колонија – „Галичник за модерна уметност“.

