| |

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов се сретна со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија

Претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија се сретнаа со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, кој престојува во Скопје заради учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ ) и ќе ја претставува земјата на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на ПСЈИЕ, што ќе се одржи денеска во Скопје, јавува БТА.

„Бугарија го врати Западен Балкан на мапата на ЕУ во 2016 година, наведувајќи дека тие се дел од Европа и нивниот пат е кон ЕУ. Потпишавме договор за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија и бевме оптимисти дека интеграцијата и добрососедските односи ќе продолжат, но се соочивме со поинаква реалност. По долги преговори и со разбирање на Франција, како претседател на ЕУ во 2022 година, беше постигната европската преговарачка рамка за Република Северна Македонија, со која Бугарите требаше да бидат вклучени во Уставот на земјата. За жал, досега тоа не се случи. Бугарската позиција нема да се промени и Северна Македонија мора да ги исполни обврските и потпишаните договори. Нема како да се оди напред ако не ве третираат како сите граѓани во ЕУ, кои имаат еднакви права“, рече заменик министерот Кондов.

Според него, условот за реципроцитет, кој некои од политичарите во Северна Македонија го поставија за вклучување на Бугарите во уставот на земјата, е невозможен, дури, ако се земе предвид различните структури на уставите на двете земји.

„Пред изборите во Република Северна Македонија, бугарската влада усвои внимателен и деликатен став. Останувам оптимист, иако не во блиска иднина. Верувам дека кога ќе се најде вистинската реторика, не може а да не се најде начин и да се движи напред, се надевам дека разумот ќе надвладее и европската политика ќе биде препознаена како важна за Северна Македонија“, истакна Кондов, а претставниците на бугарската заедница во земјава го запознаа со некои од проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. На средбата учествуваа и амбасадорот Ангел Ангелов, генералниот конзул Николај Димитров и претставници на дипломатските претставништва на Бугарија во Северна Македонија.

Средбата, која се одржа во Бугарскиот Културно-информативен центар, започна со отворањето на изложбата „Екосознание“ во затворениот дел на галеријата во центарот. Таа е дел од мултимедијалната колекција која ги обединува уметниците од различни земји, од нивната креативна работа за време на колониите во Галичник, Северна Македонија, кои се одржуваат секоја година, а имаат за цел заштита на животната средина. Изложбата беше презентирана од директорката на културната установа. Антонија Велева.

Слични Објави