ИЗЛОЖБА „ЈУНСКИ САЛОН“ ВО ГОСТИВАР
„Јунски салон“ е насловена изложбата која в петок 27 јули, во 19 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар …
Станува збор за колективна ликовна изложба во чии рамки ќе бидат претставени 25 уметнички дела: масло на платно, акрил и графики, изработени од автори од Македонија и од Косово меѓу кои Чедомир Билбиловски, Даница Крстева, Муамер Садику, Исмане Мехди, Љуан Зенку, Џезаир Реџепи, Пурим Укичи и др.
Изложбата, која ќе биде отворена за посетителите до крајот на јули, финансиски е поддржана од Министерство за култура.
