| |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ НАМЕСТО ЖИВОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ ДОНЕСЕ БЕДА

За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделците говори фактот што дозволија да скапуваат 50.000 тони јаболка на земјоделците од Ресен.

Оваа година проблем со откупот и пласманот имаа и произведувачите на зелка, грозје, лубеници, слива, ориз, праска. Нема земјоделски производ кој не скапа по нивите заради лажните ветувања на СДСМ.

Зоран Заев ги лажеше земјоделците дека ќе им обезбеди сигурен пласман, откуп и нови пазари, им ветуваше дека ќе донесе откупувачи од странство, но по две години гледаме дека ништо од тоа не е остварено. Родот на земјоделците наместо на пазарите се најде буниште.

СДСМ наместо живот на земјоделците им донесе беда. Македонските земјоделци едвај преживуваат и не знаат дали ќе имаат средства за да ги обработат своите ниви за новата сезона.

СДСМ повеќе ги интересира како да си ги вработат најблиските, а или да приграбат некој државен тендер. Власта се богати на грбот на земјоделците и граѓаните кои се повеќе осиромашуваат. Токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави