| |

КОНЦЕПТОТ „ОПШТЕСТВО“ НАСПРОТИ „РЕПУБЛИКА“

Како и секоја политичка кампања, така започна и претседателската. Сè е доста драматично, носи анксиозност, ама донекаде е и привлечно, како фудбалски натпревар со сразмери на финале на светско првенство.

Не сметам дека претерувам со метафората за фудбалот. Знаете зошто? Затоа што ние Балканците сме навивачи во политиката. Имаме романтичен пристап кон законот, па дури и кога не ни се допаѓа, а очигледно и го игнорираме. Овој феномен може да се дефинира како “балкански законски романтизам”.

Еден од најинтересните аспекти на почетокот на изборната кампања е повикот со кој претседателскиот кандидат предложен од ДУИ му се обраќа на народот. Тој повикува на заедничко општество, а и тој и ликот АА се (не) свесни дека го исклучуваат повеќевековното присуство на етникумите кои ја формираат државата и живеат во неа, алудирајќи само на еден јазик, само од аспект на веле-етникумот. И сега што? Да се конвертираме сите во еден етникум, да се престориме состојка во садот во кој не’ стопиле. 
Македонскиот професор кој што ДУИ ни предлага да го гласаме за претседател нè повикува да веруваме во концептот кој што многу лесно може да се обои со силен националистички контекст како што е “Едно општество за сите” … Да не ја заборавиме реалноста што ја држи на нозе оваа држава. Северна Македонија е мултиетничка држава, а Албанците, кои ДУИ ги нарекува 20%, се фактор во кревкото постоење на оваа држава.

Со старата формула, онолку колку што трае вековната неправда и шовинизам против Албанците, односно со игнорирањето на етничкиот диверзитет кој што постои во оваа земја, помножени сме со нула, па од 20% сме претворени во 0%.

Каде се слушнало, во името на напредокот да се негираат и забораваат народи?!

Овој кандидат, иако одблизу ја познава високата чувствителност во третманот на мултиетничкото прашање во земја која пред помалку од 20 години беше во војна, се чини отворено го воведува концептот: Долу народите! Да живее Северна Македонија!

Лидерот на партијата едно време се бореше во име на стремежите за еднаквост на Албанците. Ама денес, лидерот, чиј пат беше од пушка до пенкало, спроведува антиалбанска кампања!

Кој можеше да замисли ваква драстична промена во концептите на г. Ахмети и неговата партија?!

Ова претопување под едно заедничко име е познато како суштинска асимилација на народите и нивните традиции.

На почетокот не нѐ именуваа како Албанци, туку како “20%”, а сега ни како такви.

Сега ни фали уште закон со кој ќе ни се тргне и правото на глас и да станеме исто како што биле робовите во античките времиња, кои можеше да ги продадеш, купиш или да ги убиеш кога сакаш. А и де факто сме тоа, но ДУИ, очигледно, бара ропството на Албанците да стане и официјално.

Уморна од честите осцилации оддолу, во базата, па нагоре, кон куполата, уморна од мешањето, земањето поткуп, уцените, а особено од стравот од губење на власта, оваа „остроумна“ партија се чини како да влезе во игра на претопување или „славизирање” на Албанците, но и Турците, Ромите, Власите, Торбешите, Египќаните и секој друг етникум што живее во државата.

ДУИ и нејзиниот кандидат, г. Пендаровски, глумат модернизам, а концептот на “едно општество за сите” во таквото сојузништво го осудуваат на пропаст.

Во меѓувреме, г. Блерим Река, кандидатот кој што го поддржува народот и опозицијата, не сака да го измисли тркалото, туку посакува да донесе нешто што задоцнило во нашата земја: РЕПУБЛИКАТА! Концепт кој што е елабориран пред нашата ера или, како што би се изразиле Латините: ante Christum natum!

Републиката на Река која гарантира закон за сите, правда, еднаквост и иста почит за сите етникуми, чудно, но не можеше да биде создадена од ниеден досегашен претседател. И притоа се правеше истиот, тежок, политички гаф: игнорирање на мултиетничноста на Северна Македонија!

ДУИ ни го предлага ризикот од минатите режими бидејќи се најде во такво дереџе. Таа бара идеалистите да заминат оттука, нѐ нарекува 20%, нè прави слепи продолжувајќи со својата елиминирачка мисија, ни вели дека нејзиниот кандидат треба да го гласаме зашто ќе се залага за сите да имаме еднакви права како граѓани на Северна Македонија. Со други зборови, според ДУИ, сега дошла ерата на промена на називот – од Албанци во граѓани … Според г. Пендаровски и неговата партија ДУИ, ако одиме во НАТО и ако нѐ прашат од кај сме, одгворот ќе биде следниов:
Јован ќе рече јас сум Македонец, а Генти ќе рече јас сум граѓанин … и доколку Генти рече дека е Албанец, никој нема да му верува де јуре дека не живее во Албанија. Затоа што во Северна Македонија, според ДУИ и г. Пендаровски, нема повеќе етникуми, туку има само Општество!

Понудата на ДУИ-СДСМ-Пендаровски ја лансира оваа логика: на 21 март да одиме и да се откажеме од нашата етничка припадност!

Да не даде Бог!

Автор: Д-р Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар



Слични Објави