ИЗЛОЖБА: „ЛЕТНИ ПРИКАЗНИ“ ВО ДАУТПАШИН АМАМ
Во дворот на Даутпашин амам, на 5 септември, во 13 часот, ќе биде отворена изложба на дела од детски креативни работилници кои ги организираше Националната галерија на Македонија и на кои учествуваа деца од повеќе училишта и едукативни центри во нашата земја. Работилниците беа водени под менторство на едукаторката Маја Димитрова.
„Националната галерија во текот на летниот период реализираше циклус од детски креативни работилници под наслов ‘Летни приказни’ на теми кои се составен дел од летниот распуст како ‘Во Морските длабочини’, ‘Сладолед’, ‘Овошјето како уметност’, ‘Градот убав пак ќе никне’, ‘Жнееме и твориме’. Во проектот децата имаа можност да работат во различни ликовни техники на споменатите теми, создадоа нови пријателства и многу моменти за паметење, а најубавите раскажани летни приказни публиката ќе може да ги види на изложбата“, посочија од Националната галерија.
