Изложба на 22 автентични бугарски носии ќе биде отворена на 11 септември во Париз
Бугарскиот културен институт во Париз на 11 септември ја отвора изложбата „По нишките на времето / Au fil du temps“, со 22 автентични празнични носии од крајот на XIX и почетокот на XX век, јавува 24 часа.
Поставката, која ќе биде отворена до 20 ноември, претставува облеки од различни етнографски области на Бугарија, како и од бугарски заедници во Банат, Беломорска Тракија и Источна Тракија.
Експонатите се дел од приватните колекции на Лилија Гетова, Даниела Димитрова и Антон Гудов и претставуваат ретки зачувани примероци од периодот по 1878 година. Носиите, изработени рачно, се носеле за свадби, верски празници и големи семејни свечености.
Бугарски традиционални носии првпат биле претставени во Париз на Светската изложба во 1900 година, кога дел од бугарскиот павилјон биле носии, накит и текстилни материјали.
