| |

Изложбата на турскиот ликовен уметник Исмаил Аџар „Траѓи од едно сеќавање“ е отворена во Софија

Самостојната изложба на турскиот уметник Исмаил Аџар „Од Истанбул до Балканот: Траги од едно сеќавање“ е отворена во Vivacom Art Hall Oborishte 5 во Софија, јави БГНЕС.

Поставката нуди современ ликовен прочит на културните врски меѓу Истанбул и Балканот, со акцент на заедничката меморија, пријателството и добрососедството меѓу Бугарија и Турција.

На отворањето присуствуваа Аџар, претставници на бугарските институции, дипломати и јавни личности. Турскиот амбасадор во Бугарија, Мехмет Саит Ујаник, оцени дека делата претставуваат „културен мост меѓу Анадолија и Балканот, Истанбул и Софија“.

Во изложбата се претставени мотиви како дервиши, кафтани, лалиња, шлемови и архитектурата на Истанбул, како и дела инспирирани од наследството на „Света Софија“.

Исмаил Аџар е роден во 1971 година во Сушехри, провинцијата Сивас. Во повеќе од три децении творештво учествувал на над 200 самостојни и групни изложби во повеќе од 60 земји.

Слични Објави