| |

Во бугарската Воена академија „Г. С. Раковски“ беше одржано предавање за Планинската дивизија од 1916 до 1919 година

Во Воената академија „Георги Стојков Раковски“ во Софија, на 14 септември, беше одржано јавно предавање на тема „Меѓу националното и империјалното. Планинската дивизија 1916–1919 година“, со гостин-предавач доц. д-р Живко Лефтеров, јавуваат од бугарската Воена академија.

Лефтеров ја претстави историјата на Планинската дивизија, една од помалку познатите воени трупи на бугарската армија за време на Првата светска војна.

Во предавањето посебно внимание беше посветено на формирањето и спецификите на дивизијата, нејзиното место во воените и политичките планови на Бугарија на Балканот, како и на богатата документарна граѓа што овозможува нејзината историја детално да се истражува.

Настанот го отвори доц. д-р Стојан Николов, раководител на Научната секција „Военоисториски истражувања“ при ИПИО, кој ги претстави гостин-предавачот и темата. На предавањето присуствуваа докторанди, слушатели, студенти и претставници на академскиот и административниот состав на Академијата.

По предавањето следуваше дискусија со присутните.

На крајот од настанот, заменик-началникот на Воената академија за наставна и научна дејност, полковник доц. Петар Маринов, му се заблагодари на Лефтеров за предавањето и му врачи благодарствен плакет.

Маринов ги повика офицерите „да учат од историјата“, нагласувајќи дека токму во неа можат да се пронајдат важни поуки за сегашноста и иднината.

Меѓу присутните во салата „Дрангов“ беа и полковник Георги Георгиев, началник на Централната воена околија, како и доц. д-р Вања Стојанова од Бугарската академија на науките.

Предавањето го означи почетокот на серија дискусии планирани за новата учебна година, организирани од Научната секција „Военоисториски истражувања“ и Клубот „Воена историја“, со цел популаризација на воената историја и поттикнување на интересот за неа во академската заедница.

Слични Објави