Изложбата „Кинетик-арт театар“ со графички скици на Петко Јакимов е претставена во КИЦ на РС Македонија во Софија
До 15 февруари, во салонот на Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија, може да се разгледа изложбата „Кинетик-арт театар“. Графичките скици се дело на предавачот на Нов бугарски университет, Петко Јакимов, јавува Радио Бугарија.
Авторот има богато искуство во театарот, телевизијата, филмот, анимацијата и дигиталните технологии. При создавањето на своите кинетички пластики тој користи мешана техника, која комбинира класичен цртеж со туш и дигитални визуелни средства. Преку нив Петко Јакимов ги скицира своите идеи, пред да премине кон нивна реализација во волумен и материјал.
Насловите на сликите се дополнети со умешно вплетени текстови во самите дела. Различните остварувања се драматуршки архетипови, претставени во чуден механички свет.
Меѓу ликовите се добродушниот романтик, горделивиот и високомерен нарцис, љубопитниот и доверлив наивник што живее во своите спомени, оглупениот подлец-манипулатор, интелигентниот наивник, сентименталниот очајник, како и заводничката што нуди суетна надеж. Сите дела од изложбата се создадени во текот на изминатата една година.
