| |

Изложбата на Злате Поповски „Минато и иднина“ беше отворена во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Антонија Велева, ја отвори изложбата на Злате Поповски, наречена „Минато и иднина“, поставена во затворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар, јавува БТА.

Поповски е инженер по електроника, телекомуникации и автоматизација. Почнал да црта на 10-годишна возраст.

Влијание и поттик добил од својот татко – професорот Богоја Поповски, кој има зад себе бројни самостојни изложби, а негова самостојна изложба се подготвува да биде поставена и во Бугарија, посочи Велева.

Многу од сликите на Злате Поповски, вклучително и оние во изложбата „Минато и иднина“, се создадени според скици на неговиот татко. Експозицијата вклучува 22 маслени платна со омилените теми на авторот – природата и реализамот.

Злате Поповски е роден во 1950 година. Образованието го завршува во Скопје, а потоа студира економија во Загреб и економетрија во Кембриџ. Работел како експерт за енергетика при Светската банка, но уметноста секогаш заземала посебно место во неговиот живот.

Има бројни изложби во училишта во Република Северна Македонија и во Бугарија, а негови дела беа изложени во постојана поставка во Основното училиште „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Копривштица.



Слични Објави