| |

ГРУЕВСКИ СЕ СПАСИ ОД СУДЕЊЕ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ, СЛУЧАЈОТ ЗАСТАРЕЛ

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава. Неговиот адвокат, поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание.

Сега од државниот буџет Судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.

Во овој случај, освен Груевски, обвинет е и неговиот близок соработник, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Слични Објави