ИЗЛОЖБАТА ”ЖЕНСКИ МУАБЕТИ” НА УМЕТНИЧКАТА ГОРДАНА ВИНЧИЌ ДЕЛ ОД ”ЕВРОПСКА НОЌ НА МУЗЕИТЕ”

Истакнато Култура

Како дел од програмата за обележување на манифестациите за меѓународниот ден на музеите, ”Европска ноќ на музеите”, македонската уметничка Гордана Винчиќ по втор пат годинава ја изложи ”Женски муабети” на 16 Мај во Ликовниот салон на ЛУ Народен музеј Велес.

”Велес од секогаш ми бил еден од најмистичмите градови во Македонија. Како ќерка на археолог уште од дете ме импресионираше митологијата и легендата за неговото име. Велес е главен словенски бог на земјата, облаците, водите и подземниот свет. Поврзан е со магијата, изобилството, богатството, музиката, змеевите и добитокот. Поканата да ги изложам делата во овој митски град за мене представува не само голема чест туку и поврзаност со наследството од нашите предци кои многу добро ја познавале важноста на човековата близина со природата и нејзините благодети. Концептот на ”Женски муабети” е обид да се одкопа женската мистика и моќ, архетипот на исцелителка, висока свештеничка и божица. Колку и невообичаено да звучи, ништо не е случајно, најверојатно и богот Велес конспирирал во Универзот изложбата да се оствари” – со насмевка вели Винчиќ

Посителите во Велес ја доживееа изложбата како многу невообичаено, интересно и интригантно во позитивна смисла случување.

Би сакала да се заблагодарам на тимот од Народниот музеј на Велес за нивната професионалност, организација и гостопримтво. Благодарност и до мојот колега Игор Љубовчевски –Љубац од Скопје кој ја отвори изложбата- рече уште уметничката Гордана Винчиќ.