МНР на Бугарија со реакција по вандалскиот чин врз клуб на бугарската заедница во Битола
По повод вандалскиот чин насочен кон клуб на бугарската заедница во Битола, бугарското Министерство за надворешни работи го објави коментарот на заменик-министерот Марин Рајков:
„Со загриженост констатираме дека уште еднаш е извршен напад врз еден од клубовите на бугарската заедница во Република Северна Македонија.
Ова дело го разгледуваме како одраз на политички спонзорираната и непрестајна кампања против илјадници граѓани на Република Северна Македонија кои се самоопределуваат како македонски Бугари.
Очекуваме официјалните власти во соседната земја да реагираат во согласност со обврските утврдени во Европскиот консензус од јули 2022 година и во одговор на европските стремежи на поголемиот дел од општеството во Република Северна Македонија.“

