| |

Во БКИЦ-Скопје се одржа информативна средба со експерти од бугарското Министерство за образование за сите што сакаат да студираат во Бугарија

Во просториите на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје се одржа информативна средба со претставници на Министерството за образование и наука на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство, наменети за ученици и идни студенти заинтересирани за студирање во бугарските високообразовни институции.

Средбата беше отворена од директорката на БКИЦ-Скопје Антонија Велева, која им посака добредојде на присутните и ги охрабри да ги постават сите прашања што ги интересираат кон експертите од двете бугарски институции.

За време на средбата беше презентиран начинот на аплицирање, целокупната постапка и потребните чекори за пријавување на универзитетите во Бугарија. Присутните добија информации за студиските програми, условите за запишување, формите на поддршка и други практични аспекти поврзани со високото образование во Бугарија.

Според објавениот распоред утре (7 март) со почеток од 11 часот ќе се одржи информативна средба во хотел „Милениум“ Битола, а на 8 март (недела) иста таква средба ќе се одржи во хотел „Есперанто“ во Струмица, повторно со почеток од 11 часот.

Слични Објави