|

Изминатата седмица санкционирани 214 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, изминатата седмица санкционираа 214 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 3.6. до 9.6.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 110 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 104 возила, кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар“, велат од таму.

Слични Објави