ВО ПАКИСТАН УБИЈЦИТЕ И СИЛУВАЧИТЕ НА ДЕЦА ЌЕ БИДАТ ПОГУБУВАНИ ЈАВНО

/

Националното собрание на Пакистан со мнозинство гласови донесе резолуција во која се повикува јавно да бидат обесени лицата осудени за убиство и за сексуално злоставување на деца.Резолуцијата беше претставена од министерот за парламентарни прашања, Али Мухамед Кан, а донесена од сите пратеници, освен Пакистанската народна партија (ППП).

„Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат, изјави Кан.



Последните години Пакистан беше погоден од серија злосторства на злоставување деца. Еден од најпознатите случаи беше убиството на седумгодишното девојче Заинаб Ансари.Девојчето пред две години беше грабнато, по што беше  пронајдено силувано и убиено во близина на  градот Лахоре.

Претходна статија

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО ПРИЛЕП

Следна статија

OД ИДРИЗОВО ИЗБЕГА ОСУДЕН НА ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР

Најново од Вести