(Видео) Чадот од пожарите покри речиси половина од Грција, стигна и до Тасос и Халкидики
Чадот од големите пожари, кои изминативе денови ги зафатија Александрополис, Беотија и Евија, стигна до многу делови на Грција.
Чадот стигна до Јонските Острови. На социјалните мрежи кружат драматични слики од Итака, Кефалонија и од Лефкада. Некои локални медиуми јавуваат и дека чадот стигнал до Тасос и Халкидики.
Како што пишува „Прототема.гр“, чадот покри речиси половина од Грција.
#Αλεξανδρουπολη #φωτιά Μαύρισε ο ουρανός και στη Σαμοθράκη pic.twitter.com/mWF8PANKu1
— Elena Mosxou (@ElenaMosxou) August 21, 2023
На сликата на европскиот сателит METEOSAT-11 може да се видат јачината и размерите на шумските пожари што моментно се активни.
Φωτιές: 110.000 τετρ. χιλιόμετρα καλύπτει ο καπνός από τις πυρκαγιές το πρωί της Τρίτης https://t.co/TfZpOvJHn9
— Protothema.gr (@protothema) August 22, 2023
На сликата се гледа густ чад, кој го покри небото на неколку региони на Грција.
Поточно, чад може да се забележи над северниот и централниот дел на Егејското Море поради шумските пожари во Еврос и Родопи, како и пожарите над Беотија.
Чадот од пожарот во областа Еврос достигна околу 950 километри југозападно покривајќи површина од речиси 110.000 квадратни метри.