Израел му постави ултиматум на Хамас: „Ниту еден електричен прекинувач нема да се вклучи додека не се ослободат израелските заложници“
Израелскиот министер за енергетика, Исраел Кац, изјави дека опсадата на Газа нема да заврши додека не се ослободат израелските заложници.
Во објава на социјалните мрежи, Кац рече дека нема да се вклучи ниту еден „електричен прекинувач, нема да се отвори ниту еден хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека не се ослободат киднапираните“.
Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападот на Хамас во саботата, пренесуваат локалните медиуми.
Утрово беше објавено дека главната болница во градот Газа има само четири дена гориво за своите генератори.
Израелската опсада значи дека храната и чистата вода се при крај. Без струја за пумпите, на некои улици се трупа канализација.
Соседниот Египет повикува на шестчасовно хуманитарно примирје за да се добие помош.